оне.Вип станува А1 Македонија, а брендот Vip станува А1

Скопје, 3 септември, 2019 – Од денеска, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 Македонија ДООЕЛ, а брендот Vip станува А1.

 

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата - А1. На настанот по повод официјалното ребрендирање, Главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, Главниот извршен директор на А1 Кластерот Хрватска и Македонија, Јиржи Дворјанчански и Извршниот директор на А1 Македонија Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата како и на најновите понуди.

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии.

 

Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуства според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесеме оваа наша визија да стане реалност. ”, изјави Мислав Галер извршен директор на А1 Македонија.

Компанијата го менува името, логото, и изгледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративната веб страница, воведува нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.

Новиот А1 бренд на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена која ќе влијае на сите сегменти од работењето што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација која овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G технологија.

А1 понуди и промоции

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви посебно изненадување за сите свои корисници со кое ќе можат да уживаат во премиум дигитално искуство. Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваат бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

Сите нови и постојни корисници кои ќе склучат договор на А1 Neo M или A1 Neon тарифните модели, добиваат новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет, каде што корисниците можат да го сочуваат неискористениот месечен мобилен интернет и ќе може да го користат кога и да посакаат, а воедно и лесно да го раководат преку Мојот А1 апликацијата.

Деловните корисници можат да уживаат во придобивките на А1 Business понудата која овозможува поефикасно решавање на сите бизнис предизвици, во секое време, каде и да се. Со тарифите А1 Neo XL и A1 Neo L корисниците добиваат 1GB интернет во роаминг, секој месец.

A1 Combo , производот кој овозможува одлично дигитално искуство со одличен квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет,од денеска е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок.

Информации за корисниците

  • Нема потреба за промена на опрема, претплатнички број, SIM-картичка или договори за траен налог.

  • Постоечките претплатнички договори и тарифни модели остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега.

  • Промената на името на мрежата од Vip во А1 ќе биде видлива во делот на уредот во зависност од моделот. Доколку уредот не може веднаш да ја препознае А1 потребно е корисникот да го исклучи уредот и повторно да го вклучи.

  • Нема промена во листата на ТВ канали.

  • Во согласност со промените на името на брендот се менуваат називите на некои од производите и услугите (Мој Вип станува Мојот А1/ Vip Combo ќе се преименува во А1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност непроменети.

  • За пристап до новите функционалности на апликацијата Мојот А1, корисниците е потребно да ја преземат новата верзија преку App Store/Google Play Store или истата да ја ажурираат преку прифаќање на опцијата update.

  • Детали за воведените новитети и уште повеќе одговори може да се најдат на  www.a1.mk

А1 Телеком Австрија Групација

А1 Телеком Австрија Групацијата, котира на Виенската берза, е водечки снабдувач на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници кои работат во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска и Словенија, Белорусија, Република Северна Македонија (А1), Република Србија (Vip mobile).

 

На крајот на 2018 приходот на Групацијата изнесува околу 4,47 милијарди евра. Портфолиото на А1 Телеком Австрија Групацијата опфаќа широкопојасна инфраструктура на интернет мрежа, мултимедијалните услуги, податочни и ИТ решенија, големопродажба и решенија за наплата преку мобилен телефон.

 

Услугите кои ги нуди компанијата овозможуваат дигитален начин на живот и работа и можност на компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време.

 

А1 Телеком Австрија групацијата, со седиште во Виена, е европска единица на América Móvil, една од најголемите обезбедувачи на безжични услуги во светот и обезбедува пристап до глобални решенија.

Изненадување, за сите наши корисници на мобилни услуги!

Преземете ја новата мобилна апликација Мојот А1, добијте 10GB мобилен интернет и уживајте во сурфањето!

 

Промотивните гигабајти, припејд корисниците, ќе можат да ги користат, откако ќе добијат СМС-известување дека промоцијата е активирана, а постпејд корисниците ќе добијат известување во апликацијата Мојот А1.

 

Сите А1 Постпејд корисници, промотивниот еднократен интернет пакет од 10GB ќе можат да го користат во рок од 30 дена, од моментот на активацијата, а А1 Припејд корисниците, во рок од 7 дена.

A1 Net Sef

Со А1 Net Sef, неискористениот месечен интернет, користи го кога сакаш!

Изберете А1 Neo M тарифа и добијте промотивни 15GB интернет, вклучувајќи и А1 Net Sef, Вашиот личен сеф за интернет, каде што ќе Ви биде сочуван неискористениот месечен, национален интернет од Вашата тарифа и ќе можете да го користите кога и да Ви треба.

                                                                                         Со А1 Neo тарифите добивате:

10GB за сите

со апликацијата Мојот А1!

По искористувањето на вклучениот интернет во тарифниот модел и А1 Net Sef, продолжувате да користите интернет, бесплатно, но со намалена брзина.

 

Доколку веќе сте корисник на Постпејд мобилна линија и во промотивниот период активирате дополнителна A1 Neo линија, ќе добиете и дополнителни 1.000 денари попуст за нов телефон.

 

Дополнителниот попуст за нов телефон важи за физички лица, кои ќе склучат нов договор на 24 месеци, а чија постојна мобилна линија е со најмалку 3 месеци до истек на договорот.

 

Понудата важи за нови и за постојни корисници, со избор на тарифен модел A1 Neo, со склучување на нов или со обнова на договорот, на 24 месеци.

 

Дополнителен услов за корисникот да ја добие промоцијата со 15GB мобилен интернет за тарифниот модел A1 Neo M, е да има активирана електронска сметка. Еднократниот надоместок, за активација на тарифен модел, изнесува 59 денари по линија.

 

Неограничените минути и СМС-пораките, важат кон сите национални мрежи. Интервалот на тарифирање за разговори е 60 секунди, а за национален интернет е 1KB.

                                                   Што е A1 Net Sef?

A1 Net Sef e Ваш личен сеф за интернет, каде што ќе Ви биде сочуван неискористениот месечен, национален интернет од Вашата тарифа и ќе можете да го користите кога и да Ви треба.

 

Зачуваниот интернет во А1 Net Sef, започнувате да го користите, од моментот кога ќе го потрошите интернетот, вклучен во претплатата.

Преку апликацијата Мојот А1, можете, постојано, да следите колку интернет имате потрошено од вклучениот интернет во Вашата тарифа и колку сте зачувале во Вашиот А1 Net Sef.

Како да ви помогнеме?

02 322 8158

Благоја Стефковски 4-41

  • Facebook
  • Instagram

1000 Скопје, Македонија

© 2019 Сите права задржани. Handy Telekom Македонија ДООЕЛ Скопје